Во големиот пожар кај Омиш изгореа 106 возила и 28 куќи, ќе се бара прогласување природна непогода

Во пожарот што во ноќта меѓу 13 и 14 август го зафати подрачјето на Локва Рогозница и Омиш во Хрватска целосно изгореа дури 106 возила, 28 куќи, седум стопански, три угостителски и шест помошни објекти на семејни куќи – соопшти денеска сплитско-далматинскиот жупан Блаженко Бобан.
– Исто така, целосно изгореа и 45 пловила што биле извлечени на брегот – изјави Бобан за Хина.
Според него, делумно изгореа 43 куќи, 20 возила и девет пловила.
На прашањето дали се оштетени маслинови насади, тој рече дека сè уште не е извршен увид во штетите во земјоделството.
Тој објасни дека откако Градот Омиш ќе го достави извештајот од увидот, ќе биде поднесено барање до Штабот за цивилна заштита за прогласување природна непогода.
Тој потсети дека премиерот Андреј Пленковиќ вети дека и владата ќе помогне во санацијата на просторот и објектите, како и во надоместувањето на штетата.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
