Во грчкиот град Катерини уапсен македонски државјанин за извршено убиство во земјава пред 28 години
Македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации станува збор за 60-годишен државјанин на Северна Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција.
Согласно судските документи од нашата земја, кривичното дело било извршено во ноември 1997 година, а жртва бил 37-годишен македонски државјанин.
Сторителот тогаш, наводно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото го нападнал со оружје.
За убиството, една година подоцна бил осуден на 15 години затвор.
АНА-МПА пишува дека уапсениот ќе биде изведен пред обвинител во Солун за да се започне постапката по барањето за негова екстрадиција во земјава.
Ново на Сител
-
Собранието ќе одржи седница за пратенички прашања
-
Во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно