Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство
Македонски државјанин, по кој имало распишана европска потерница и баран од германските власти за учество во грабеж и убиство на 81-годишен маж во февруари годинава во Германија, синоќа бил уапсен во Грција во обид да влезе кај јужниот сосед, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според документите од германските власти, како што пишува АНА-МПА, станува збор за 34-годишен маж од земјава, кој заедно со негови сонародници бил на деловно патување во мал град во сојузната покраина Хесен и престојувале во една од собите што ги издавал 81-годишниот.
Убиството било извршено на 9 февруари, кога сторителите ја врзале жртвата, му ја затвориле устата и украле пари од неговиот дом, а 81-годишниот починал од задушување.
Мажот по кој била распишана европска потерница бил уапсен синоќа на граничниот премин Евзони во обид да влезе на грчка територија.
По апсењето, 34-годишниот ќе биде изведен пред јавен обвинител во Солун за да започне постапката за негова екстрадиција во Германија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица со право да гласа и дијаспората
-
Јаневска: Имам информации за десетина ученици што препишувале на испитот
-
Од први јуни авиолинии до уште три градови во Турција
-
УХМР: Не очекува потопло и посушно лето
-
Кулминација на конфликтите меѓу САД и Кина: студенти, компании, минерали, чипови
-
Лавров и Рубио разговараа за Украина во пресрет на денешната рунда мировни преговори во Истанбул
-
Русија ноќеска соборила 162 украински дронови
-
Шест лица повредени во Колорадо од Молотови коктели, ФБИ смета дека е терористички чин | ВИДЕО