Во Хрватска започна бојкот на продавници и бензински пумпи поради високите цени
Во Хрватска денеска започна најавениот бојкот на продавници, трговски синџири и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените. Иницијативата, која потекнува од Фејсбук-групата „Ало, инспекторе“, зад која стои Европскиот центар за извонредност на потрошувачите (ECIP), доби поддршка од здруженија за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и од министерот за економија.
Повикот за бојкот се споделуваше на социјалните мрежи изминатите денови: „На 24 јануари во Хрватска се организира бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат граѓаните на тој ден да не купуваат ништо, апсолутно ништо. Подгответе се за тој ден како да е недела“, стои во пораките.
Податоците покажуваат дека потрошувачките цени во Хрватска, мерени според HICP, во декември 2024 година пораснале за 4,5 проценти во споредба со истиот месец од претходната година, што е највисок раст од мај. Хрватска е меѓу трите земји на ЕУ со највисока инфлација, по Романија (5,5 проценти) и Унгарија (4,8 проценти).
Министерот за економија, Анте Шушњар, ја поддржа иницијативата и истакна дека Владата работи на проширување на списокот на производи со ограничени цени. Во меѓувреме, и опозициските партии го поддржаа бојкотот, критикувајќи ја Владата дека не презела ништо за да ја контролира инфлацијата.
„Граѓаните мораа да ги земат работите во свои раце затоа што Владата не направи ништо за да го ограничи растот на цените“, изјави Сабина Гласовац од СДП.
Сандра Бенчиќ од „Можеме!“ додаде дека опозициските предлози за намалување на инфлацијата биле игнорирани од премиерот Андреј Пленковиќ, додавајќи дека „оваа инфлација може да се нарече Пленковиќева инфлација“.
Од друга страна, пратеникот на ХДЗ, Никола Мажар, изјави дека Владата ќе продолжи да работи на одговорни економски политики и ја поддржа одлуката на граѓаните за бојкот.
Што се однесува до структата, економистите се главно скептични за оваа иницијатива. Економскиот аналитичар Дамир Новотни изјави за Хина на почетокот на неделата дека ниту организираните потрошувачи ниту владата не можат да влијаат на трендовите на инфлација.
– Потрошувачите може еден ден да се организираат и да ги бојкотираат трговците на мало. Меѓутоа, во пазарно ориентирани економии, колективните потрошувачки акции немаа никакво влијание врз инфлацијата, така што нема да има ниту најавениот бојкот на хрватските потрошувачи, па дури и ако е масовен, смета Новотни.
Ново на Сител
-
Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него, Унијата е со вас
-
Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба
-
УК за радиотерапија и онкологија апелира за смиреност и доверба во персоналот
-
Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да почнеме да сметаме на Европа
-
Двајцата пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, не патувале надвор од државата, вели Андоновска
-
Во Појасот Газа пристигна уште помош, додека ОН предупредуваат на проблеми со дистрибуцијата
-
Русија три дена под масовен напад со дронови
-
Управувал возило со 2,1 промили алкохол во крвта - уапсен охриѓанец