Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело
Италијанскиот Парламент одобри нов рамковен закон за вештачка интелигенција, со кој дистрибуцијата на фотографии или видеа создадени со помош на вештачка интелигенција (ВИ) без согласност на прикажаните лица ќе биде казниво со затвор до пет години.
Мерката, поддржана од двата дома на Парламентот, вклучително и конечното гласање синоќа со 77 гласа „за“ и 55 „против“ во Сенатот, е насочена кон поединци и компании кои дистрибуираат фотографии или видеа создадени со помош на ВИ без дозвола.
Пратениците презедоа мерки по серија неодамнешни случаи поврзани со порнографски видеа создадени со вештачка интелигенција, во кои жртвите често беа жени, вклучително и јавни личности.
Италија е првата земја од Европска Унија што создаде национална правна рамка што ги вклучува новите упатства на ЕУ за ВИ.
Законот ги утврдува општите принципи за употреба на вештачка интелигенција и ѝ наложува на Владата да изготви детални правила за употреба на системи за вештачка интелигенција.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево
-
Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, фактички претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд
-
Студија: Како последица на жештините летово во Европа починале 16.500 лица
-
ДНК на паун-пајакот нуди изненадувачки нови научни сознанија
-
MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите
-
Тетовчанка измамена за 500 евра - ја убедиле дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош
-
Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата се занимава со лаги за пожарите, мислејќи дека ќе добие политички поени