Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело
Италијанскиот Парламент одобри нов рамковен закон за вештачка интелигенција, со кој дистрибуцијата на фотографии или видеа создадени со помош на вештачка интелигенција (ВИ) без согласност на прикажаните лица ќе биде казниво со затвор до пет години.
Мерката, поддржана од двата дома на Парламентот, вклучително и конечното гласање синоќа со 77 гласа „за“ и 55 „против“ во Сенатот, е насочена кон поединци и компании кои дистрибуираат фотографии или видеа создадени со помош на ВИ без дозвола.
Пратениците презедоа мерки по серија неодамнешни случаи поврзани со порнографски видеа создадени со вештачка интелигенција, во кои жртвите често беа жени, вклучително и јавни личности.
Италија е првата земја од Европска Унија што создаде национална правна рамка што ги вклучува новите упатства на ЕУ за ВИ.
Законот ги утврдува општите принципи за употреба на вештачка интелигенција и ѝ наложува на Владата да изготви детални правила за употреба на системи за вештачка интелигенција.
МИА
Ново на Сител
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки
-
Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар - Кичево
-
Лука Змејкоски освои бронзен медал, не се пласира во финалето на ЕП
-
Димова: Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари
-
Лидија Димова осудена на казна затвор од две години
-
Кавадарчанец пријавен дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче
-
На територијата на земјава активни три пожари