-->
-->
Во Јапонија пироман осуден на смрт
-->

Јапонскиот суд денеска го осуди на смрт 45-годишниот Шинџи Аоба, кој во 2019 година подметна пожар во студио за снимање анимирани филмови во Кјото, при што загинаа 36 лица.
Тоа се смета за еден од најголемите масакри во Јапонија.
Аоба во Окружниот суд во Кјото призна дека го подметнал пожарот во зградата на „Кјото анимејшн ко“ (Kyoto Animation Co.) на 18 јули 2019 година.
Во пожарот повредени се 32 луѓе.
Обвинителите бараа смртна казна за Аоба, додека одбраната тврдеше дека тој бил психички нестабилен во моментот на нападот и побара полесна казна или ослободителна пресуда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и топло, наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
