Во јуни најмногу странски туристи од Турција
Во јуни годинава во земјава престојувале 126 415 туристи, од кои 20,1 отсто се домашни, а 79,9 отсто странски, кои оствариле вкупно 243 157 ноќевања. Од ноќевањата 26,7 отсто се реализирани од домашните, а 73,3 отсто од странските туристи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од странските туристи во јуни - 34 366 се од Турција, по што следи Србија со 8 897, Германија со 8 011 и Холандија со 3 604 туристи.
Во првите шест месеци од годинава вкупниот број на туристи е зголемен за 13,5 отсто во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи има намалување за 2,5 отсто, а кај странските зголемување за 19,7 проценти. Зголемување од 8,5 отсто во споредба со првите шест месеци од 2024 година има и кај бројот на ноќевања при што кај домашните туристи има намалување за 1,1, а кај странските зголемување за 13,3 отсто.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар