Во Јужна Кореја работниците сѐ повеќе се заменуваат со роботи
Во Јужна Кореја во јануари беше усвоен Закон за работни односи, со којшто им се дозволува на судовите да ги казнуваат директорите или високите менаџери на компании доколку работниците бидат повредени или убиени на работа. Новиот Закон предвидува и затворски казни, па ги принуди компаниите да вложуваат во роботи и да ги заменуваат луѓето со нив.
– Низ нашата историја, секогаш наоѓавме начини да останеме во чекор. Автоматизацијата е следниот потфат во тој процес, изјави Ким Јонг-рае, извршен директор на компанијата „Спифокс“.
Според бизнисмените, компаниите се движат кон намалување на луѓето работници и постои неподготвеност да влезат во проекти со висок ризик. Компаниите сега, поради новиот закон, бараат начин да имаат што помалку работници или воопшто да немаат човечки кадар во погоните.
– Законот е огромен проблем во бизнисот. За наша среќа, веќе сме во процес на автоматизација, па бевме подготвени на новиот Закон, додаде Ким Хјо-џин, директорка на „Спифокс“ и ќерка на Јонг-рае.
Законот првично беше претставен како голем чекор во борбата за правата на работниците, но компаниите, главно фабрики и градежни компании, не се согласуваат, тврдејќи дека префрлањето на одговорноста на водачите е неправедно и нејасно. Се наведува дека јужнокорејските фабрики имаат недоволно висок степен на безбедност, што според многумина, е сосем неразбирливо, бидејќи се работи за технолошки напредна земја.
Ново на Сител
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
-

Колапси во автобуси и на улица - десеттина интервенции на Брза помош само во еден ден
