-->
-->
Во Кочани изложба на фудбалски дресови посветена на Андреј Лазаров и жртвите од пожарот
-->

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечер ќе биде отворена изложба на 50 автентични фудбалски дресови на успешни деца во светот од Тиквешијата и пошироко, кои се дел од приватната колекција на Николчо Делов.
Колекцијата е сведоштво за упорноста, успехот и припадноста, приказни испишани преку спортот, пријателството и заедничката меморија.
Изложбата е посветена на Андреј Лазаров и жртвите од пожарот во Кочани.
Отварањето на изложбата е закажано за 19 часот во Салон „Фоаје 2“.
Изложбата е дел од проектот финансиран од Министерството за култура и туризам.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
