Во Конго има 1.028 сомнителни случаи на ебола

Во Демократска Република Конго, бројот на лица за кои има сомневање дека се заразени со ебола изнесува 1.028, споредено со 906 претходниот ден, изјави министерот за здравство Самуел Роџер Камба.
Тој рече дека има 225 потврдени случаи со оваа инфекција.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека од прогласувањето на епидемијата на 15 мај во Конго се регистрирани десет потврдени и 223 сомнителни смртни случаи од ебола, предупредувајќи дека размерот на епидемијата може да биде многу поголем, бидејќи вирусот одредено време неоткриено „циркулирал“.
Во соседна Уганда е регистриран еден смртен случај и девет заразени со вирусот ебола, а официјално потврди случаи со ебола на 15 мај. Овие случаи беа поврзани со патници од Конго, што ја натера Уганда привремено да ја затвори својата граница со Конго за да го спречи ширењето на болеста.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи меѓународна здравствена вонредна состојба поради епидемијата на ебола во Конго и Уганда.
МИА
Ново на Сител
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
