Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти

Владата на Велика Британија ќе биде домаќин на првиот меѓународен Самит за безбедност на границите во борбата против криминалните мрежи кои организираат шверцување на мигранти.
Министрите и претставниците на органите на редот од 40 земји денеска и утре во Лондон ќе разговараат за меѓународната соработка, рутите на мигрантите, финансискиот криминал и онлајн рекламирањето за поттикнување на опасните патувања.
Преминувањето на Ла Манш со преоптоварени мали чамци е дел од поширокиот проблем на организираниот криминал, кој ја поттикнува имиграцијата за профит. Годинава регистриран е рекорден број илегални мигранти, кои пристигнаа во Велика Британија преку Ла Манш. Минатата година, беа отстранети повеќе од 8.000 реклами на социјалните мрежи каде трговците со луѓе рекламираа патувања пред да се префрлат на шифрирани канали, при што стотици луѓе беа уапсени за олеснување на патувањата.
На Самитот ќе се разговара за тоа како да се следат парите на трговците со луѓе на глобално ниво. Се претпоставува дека стотици милиони се префрлени илегално преку неформалниот систем за трансфер на пари „хавала“, кои иако е легално средство, се користи и за плаќања поврзани со нелегално преминување на Ла Манш.
Се бара и воведување нови кривични дела и давање овластувања на полицијата и на органите за спроведување на законот за борба против тероризмот.
Ново на Сител
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
-

Рокас: Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати
