Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани

Во март годинава се издадени 245 одобренија за градење, што е за 26,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година - објави денеска Државниот завод за статистика.
Најмногу одобренија за градење, 148, се за високоградба. Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење - 62 по што следуваат Скопскиот со 51, Југозападниот - 37, Југоисточниот - 34, Источниот - 24, Пелагонискиот -15 и Североисточниот - 3. За изградба се предвидени 618 стана, од кои 317 во Скопскиот Регион, 143 во Југозападниот, 76 во Југоисточниот...
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 24.574.417.000 денари, што е за 21,9 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период се издадени одобренија за градба на ветерни паркови за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет до 128 MW на територијата на општините Штип, Радовиш и Карбинци, кои се со голема вредност.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 148 (60,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12,7 проценти) од нискоградба и 66 (26,9 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 245 објекти, на 136 (55,5 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 109 (44,5 проценти) деловни субјекти.
Предвидените 618 стана се со вкупна корисна површина од 53.718 квадратни метри.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода
-

Голема акција на МВР: Претреси на дваесетина локации поради фалсификувани возачки дозволи
-

Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
