Во месецот за борба со ракот на дојка болните едвај стигаат до лек
Во светскиот месец за борба против ракот на дојка нема навремена терапија за болните. Пациентки и до здруженија и на социјалните мрежи бурно реагираат дека чекаат со недели за лекот и се оставени на милост и немилост додека добијат повик од дневната болница на Онкологија.
-Jас сум на херцептин и на секои 6 недели нема или секоја втора, срамно и жално...се само дел од пишувањата.
Директорот на Онкологија за Сител тврди дека терапија за рак на дојка има и медицинскиот персонал телефонски ги повикува кога да дојдат.
За разлика од надлежните болните си ги кажуваат маките а тоа го потврдуваат и од здружението Борка каде велат дека постојано имаат поплаки за немање или доцнење на неопходните цитостатици.
-И лично и институционално не смее да се дозволи и една недела доцнење. Без разлика дали ќе има или не некој голем ефект, овие пациенти се уплашени, страв им е што го нема лекот и што сега, ми го нема спасот, вели Биба Додева од здружението Борка.
Не само стравот и стресот туку и пролонгирањето влијае на дијагнозата и здравствената состојба на пациентот, велат од Борка. Од здружението иако целта им е навреме и во рана фаза да биде откриен ракот на дојка, условите во македонсктоо здравство не го дозволуваат тоа.
-Зборуваме за превенција, рано откривање а пациентитите не можат да дојдат до превентивен преглед. Мора да се поработи на достапноста на дијагностиката и тие процедури, вели Додева.
Ако пациенти со малигни болести чекаат и по три месеци за да добијат резултат од магнетна, тогаш кој е ефектот од понатамошното онколошко лекување, прашуваат здруженијата. Затоа и побараа од МЗ и достапност на лекови но и достапност за лекување.
-Еве има над сто нови лекови, но каде се македонските граѓани, нели ќе одиме во Европа..каде е Европа сега, вели Додева.
Не само за рак на дојка, пациенти немаат терапија и за други малигни заболувања, особено оние чија терапија не е на позитивната листа и чекаат со месеци.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
