Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев
Националиот парк Шар Планина информира дека во заедничка акција на нивната ренџерската служба и Шумската полиција, над село Селце во заштитеното планинско подрачје е најдено и одземено незаконски исечено огревно буково дрво. Од НП Шар Планина соопштија дека локацијата потекнува од предел кој низ годините често бил зафатен од пожари.
- Потсетуваме дека и за опожарените површини важат истите законски правила. Според Законот за шуми, сечата и транспортот на дрвна маса се дозволени само со соодветно одобрение. Против непознатиот сторител е поднесена пријава, а институциите ги преземаат сите потребни мерки, се вели во соопштението на Јавната установа НП Шар Планина
Од таму во денешното соопштение се осврнуваат и на тоа зошто е важно сечата да биде под надзор на стручни лица.
- Сеча на дрвја без стручна процена е сериозен ризик-не само за шумата, туку и за луѓето. Маркирањето од страна на шумарски стручњаци е неопходно поради зачувување на шумскиот екосистем, превенција од ерозија. Законска и економска контрола маркирањето овозможува прецизна процена на количината на дрвна маса, праведно наплатување при сеча и заштита од незаконско сечење и шумска кражба, велат стручните лица од Националниот парк.
Заштита на биодиверзитетот е важно за некои дрвја кои живеалиште за ретки видови птици, инсекти или габи, оценуваат стручните лица од паркот.
МИА
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе им овозможи на кандидатите за членство целосен пристап до средства од инструментот „Глобална Европа“
-
Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп
-
Божиновска за ветерниот парк кај Штип: Силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција
-
Медиуми: Франција и Италија одбиваат да купуваат американско оружје за Украина преку НАТО
-
ОЈО Битола постапува во случајот со примање поткуп во Болницата во Битола, повеќе детали се најавуваат за утре
-
Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе
-
Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена