Во Нови Сад најавен протест на судиите, адвокатите и на студентите поради усвојувањето пакет закони за судството

Обвинителите, судиите и адвокатите од Нови Сад ќе протестираат претпладнево пред судот во Нови Сад поради усвојувањето на пакет судски закони предложени од пратеникот на владејачката Српската напредна странка, Угљеша Мрдиќ.
Пакетот судски закони предложени од Мрдиќ беше усвоен од страна на српскиот Парламент на 28 јануари, а објавени во Службен весник откако претседателот на Србија ги потпиша на 30 јануари, и покрај предупредувањата од Европската унија тие да бидат ревидирани и усогласени со европските стандарди.
На прекин на работата повикаа и дел белградски судии и адвокати.
Во четвртокот, Судскиот синдикат ги повика судиите и обвинителите веднаш да ја прекинат работата бидејќи тоа е легитимна, уставно заснована и законска форма на одбрана на независноста на судството и владеењето на правото.
Официјален Брисел го оцени усвојувањето на пакетот судски закони во српскиот парламент како „сериозен застој“ во процесот на европска интеграција.
Усвојувањето беше критикувано од опозицијата, како и од невладини организации, правни експерти и претставници на судството нагласувајќи дека тие закони претставуваат обид на извршната власт да го стави судството под контрола и дека таков потег е „недостоен за цивилизирана европска држава во 21 век“.
Студентите на Универзитетот во Нови Сад ги повикаа граѓаните да им се придружат на протестот организиран од адвокати, судии и обвинители од Нови Сад поради усвојувањето на таканаречените Мрдиќеви закони. Во објава на Инстаграм, студентите прецизираа дека протестот ќе започне во 11 часот.
„Една од главните последици од усвојувањето на Мрдиќевите закони е фактичкото укинување на Обвинителството за организиран криминал (TOK). Само некои од случаите со кои се занимава TOK се: Настрешница, Генералштаб, кланот на Вељко Беливук. Друга последица од судските закони предложени од пратеникот на СНС Угљеша Мрдиќ е ставањето на Обвинителството за организиран криминал под директна контрола на главниот обвинител на ВЈО во Белград, Ненад Стефановиќ“, наведоа студентите.
Тие оценија дека наместо обвинителството како независен државен орган, едно лице ќе одлучува за сè. Студентите веруваат дека на тој начин владата ја подготвува јавноста за пресметка со слободата на изразување на социјалните мрежи.
„Во превод денеска Лајк, утре рочиште“ нагласија студентите во објавата.
Ново на Сител
-

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со лани
-

Од денеска до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
-

Вино што зборува на светски јазик: Бидете дел од петтото издание на саемот Wine Vision!
-

Светот има право да се плаши од вештачката интелигенција, изјави директорот на OpenAI
-

Четири предгрупи ја откажаа турнејата со Ед Ширан во знак на солидарност со Меклмор
-

Голем успех за 12-годишниот Македон: Примен во престижната програма за таленти на „Џонс Хопкинс“
-

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати
-

Денеска се очекува изрекување на пресудата за Тачи и водачи на ОВК
