Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор

Истражувачка сторија на британски „Сан“ (The Sun) се наведува дека во Обединетото Кралство просечно по пет албански државјани дневно се осудени од судовите.
-Според податоците на Министерството за правда, до септември минатата година, 1.865 Албанци биле испратени во затвор. Албанците ја сочинуваат најголемата група странци во британските затвори, околу девет отсто од вкупниот број затвореници, стои во написот, пренесува „Ора њуз“.
Албанските грѓани се осудени на најмалку една, но и на 10 и повеќе години затвор, за кривични дела главно поврзани со трговија со дрога и луѓе.
-Според позитивните британски закони, странците осудени на повеќе од 12 месеци затвор автоматски се соочуваат со депортација по издржување на затворската казна. Во меѓувреме, се дискутираат законски измени што би можеле да овозможат уште порано депортирање, по издржување на помал дел од казната, наведува „Сан“.
Според истиот извор, од изборите во 2024 година, британските власти депортирале над 58.500 нелегални имигранти и осудени странци.
Постои и договор за трансфер на затвореници меѓу Албанија и Обединетото Кралство, кој им овозможува на лицата осудени на повеќе од четири години затвор да се вратат во Албанија за да ги доиздржат своите казни во нивната матична земја.
МИА
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
-

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
-

Почнува целосна примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
-

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје
-

На Србија ѝ се заканува губење на 1,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ
