Македонија
3. September 2025 - 19:49

Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“

14 најдобри студенти кои дипломирале на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини добија признание Инженерски прстен.

На церемонијата на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“- Плаошник во Охрид претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ја нагласи исклучителната важност на инженерството во градењето на нашата држава и нејзиното приспособување на глобалните дигитални трендови.

Признанието претставува инспирација за идните студенти за нивно насочување кон инженерските струки и дополнителна мотивација за идните инженери за нивна целосна ангажираност во студиите.

„Инженерски прстен“  се одржува по 22 пат и има за цел истакнување на најдобрите студенти  и промовирање на инженерството како професија значајна за развојот на државата и општеството во целина.