-->
-->
Во октомври годишен раст на каматната стапка кај депозитите и пад кај кредитите
-->

Просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври изнесува 2,20 проценти и бележи годишен раст од 0,13 процентни поени, додека просечната каматна стапка на кредитите изнесува 4,82 проценти и бележи годишен пад од 0,56 процентни поени.
Каматната стапка на вкупните кредити за домаќинствата изнесува 5,21 проценти и е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво, а кај корпоративниот сектор бележи месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 4,43 проценти.
Кај депозитите, просечната каматна стапка кај корпоративниот сектор бележи месечно зголемување од 0,01 п.п. и изнесува 2,61 проценти, а кај домаќинствата каматната стапка е непроменета на месечна основа и изнесува 2,14 проценти.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
-

Во четврток и петок пониски температури и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
-

Бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња во Кисела Вода
-

Дронови над главниот град на Русија и откажани летови, се огласи градоначалникот на Москва
-

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 164 загинати
-

33-годишен велешанец осомничен за силување на 21-годишна Швеѓанка во ноќен клуб во Охрид
-

Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
-

Ендрик нема да го напушти Реал ова лето
