Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од реализацијата на патот Охрид - Кичево и очекува, како што изјави денеска, да се исполни ветувањето - во првиот квартал од 2027 година овој патен правец да биде целосно ставен во функција.
Според Николоски, во септември се очекува да биде најавена изградбата на автопатот Кичево - Букојчани, 12-ина километри, кој треба да ја спои Стража со автопатот Охрид - Струга - Кичево.
- Во однос на најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево, од Извор до Врбјани, две галерии се целосно звршени, третата е со 70 отсто динамика, а четвртата со 50-ина проценти. Во тунелите се поставуваат софтвер, сигнализација за следење на сообраќајот и за рано предупредување од пожари, вентилациски системи, како и супермодерен контролен центар. Очекувам во октомври оваа најтешка делница од автопатот да биде ставена во функција. Потоа ќе остане да се реши уште делот кај Ботун и, како што ветивме, во првиот квартал од 2027 година автопатот да биде целосно ставен во функција. Но, не застануваме тука, знаете дека се градат патиштата Тетово - Гостивар и Гостивар - Букојчани. Очекувам добри вести од ЕБОР и во септември да најавиме изградба на уште еден автопат, Кичево - Букојчани, 12-ина километри, кој треба да ја спои Стража со автопатот Охрид - Струга - Кичево - истакна Николоски одговорајќи на новинарски прашања по работната посета на општина Струга и средбата со градоначалникот Менди Ќура.
МИА
Ново на Сител
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
