Во опожарениот бар во Кран Монтана од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност

Во барот „Констелејшн“, во швајцарското зимувалиште Кранс Монтана, каде во пожар во новогодишната ноќ загинаа 40 лица, од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност, изјави денеска градоначалникот на ова познато зимувалиште во швајцарските Алпи, Николас Феро, цитиран од британските медиуми.
„Длабоко жалиме. Немавме поим дека не се извршени инспекции“, им рече Феро на претставниците на медиумите за недостатокот на инспекции во периодот 2020-2025 година.
Градоначалникот додаде дека пената за звучна изолација што се користи за таванот во барот „Констелејшн“ некогаш била оценета како безбедна.
Истражителите рекоа дека пожарот, кој брзо се проширил во раните утрински часови на 1 јануари, најверојатно бил започнат од запалени свеќички на шишиња што потоа го запалиле таванот на подземниот дел од барот.
Ваквите свеќички сега се забранети во сите објекти во Кран-Монтана, соопшти градоначалникот Феро.
МИА
Ново на Сител
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
-

Се одржува Галичка свадба - обичаи, традицонални носии, песни и оpа како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
-

Петровден: Cветецот кој трипати се откажа од Исус, кој беше далеку од совршен, но карпа врз која може да се изгради црквата
-

Претпладне променливо облачно со сончеви пеpиоди, попладне услови за пороен дожд и грмежи
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ
-

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија
-

Белата куќа одобри нови санкции против Русија
-

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе
