Во период од шест часа 169 сообраќајни прекршоци на подрачје на СВР Тетово и СВР Куманово
Вчера (02.07.2025) во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција во Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Тетово и СВР Куманово, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 169 возачи од кои 17 за возење без возачка дозвола, 13 за управување возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, двајца возачи за управување возило со несоодветна категорија.
Изречени се девет мерки за возачи кои управуваат моторно возило како возач почетник, односно со сила на мотор на возилото поголема од дозволената, 73 санкции за возачи на мотоцикл поради не користење на заштитна кацига, пет мерки за затемнети стакла без извршен А-тест, осум санкции за вршење јавен превоз на патници без лекарско уверение, одземени се два мотоцикли по член 344 од ЗБСП... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“
-
Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски