Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за Белгија

Перуанската полициска единица за борба против шверцот со дрога заплени 3,4 тони кокаин што требало да биде скриен меѓу банани наменети за Белгија, соопштија локалните власти.
-Во рамките на интензивната операција против дистрибуцијата на наркотици, националната полиција на Перу заплени 3.407 килограми кокаин хидрохлорид во регионот Пиура (во северозападниот дел на земјата), со што го спречи испраќањето на товарот во странство, соопшти Министерството за внатрешни работи на Перу.
Конфискуваната дрога потекнува од регионот познат по одгледување кока, наречен ВРАЕМ (VRAEM – Valle de los Ríos Apurímac, Ene y Mantaro на шпански јазик, или Долината на реките Апуримак, Ене и Мантаро), прецизираше претседателот на Перу, Хосе Хери.
За време на операцијата, спроведена во средата, полицијата запрела камиони кои превезувале над 3.000 пакети со кокаин до склад за банани за извоз. Тој се наоѓа на околу 100 километри од пристанишниот град Паита, појаснија властите.
Генералот Нилтон Сантос, началник на полициската единица за борба против наркотиците, рече дека операцијата е спроведена заедно со американската Агенција за борба против дрога (ДЕА). Тој посочи дека вредноста на запленетиот кокаин надминува 68 милиони долари (58,4 милиони евра).
МИА
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
