Во Полска стигнаа првите повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС - ќе ги распореди близу границата со Русија
Полска ја примила првата пратка на ракетни лансери HIMARS од американско производство, коишто планира да ги распореди близу границата со Русија, соопшти во понеделникот полскиот министер за одбрана Мариус Блашчак.
„Ова оружје ќе биде поставено на североистокот од нашата земја (…), неговата задача ќе биде да го одвети агресорот“, изјави Блашчак за новинарите.
Полското Министерство за одбрана во март објави дека со овие системи со долг дострел ќе биде опремена воената единици стационирана во Олшин, на околу 80 километри од руската балтичка енклава Калиниград.
Како што рече Блашчак, HIMARS-ите ќе „ја зајакнат полската војска на источното крило на земјата и Северноатлантскиот сојуз“.
Полска, којашто граници со Украина со којашто има крвава и територијално проблематична историја но силно ја поддржува во антируската кампања по превратот во Киев во 2014 година, во 2019 година договори набавка на 20 системи HIMARS, а сега ја прими нивната прва испорака. Варшава вели дека преговара со САД за значително поголем број парчиња од ова вооружување.
„Американскиот Конгрес одобри продажба на речиси 500 ракетни лансери на Полска. Ќе бидат испорачани во Полска што е можно поскоро. Сакаме HIMARS-ите да се произведуваат во Полска, што ќе настојуваме да го обезбедиме во рамките на новиот договор за кој штотуку преговараме. Тоа си го поставивме како задача“, рече во понеделникот министерот Блашчак.
Полска најави големи зголемување на буџетот за одбраната, до 4 отсто од бруто домашниот производ (БДП), а владата вели дека земјата мора „што поскоро“ да се вооружи во услови на руската инвазија во Украина.
Ново на Сител
-

Во 2025 година пречистени само 20,6 отсто од отпадните води
-

Мицкоски и Алиу на средба со здруженијата за Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун
-

Сончево и топло, со умерена локална облачност
-

Директорот на полицијата на Србија потврди дека се урнал полициски хеликоптер
-

Путин се сомнева дека дронот што се урна во Романија бил руски и предложи Москва да спроведе експертиза на остатоците
-

Трамп: Наскоро конечна одлука за договорот со Иран
-

Захарова ѝ се закани на Романија со „соодветни мерки“ поради одлуката за затворање на рускиот генерален конзулат
-

Романија го затвора рускиот конзулат и го протерува конзулот
