Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром

Во пратка со рози што од Колумбија пристигнала на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“, службеници од Независната управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле 100 килограми кокаин, а уапсени се шест лица, објави грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.
Службениците од ААДЕ ги искористиле информациите од канцеларијата на американската служба за борба против дрога (ДЕА) во Атина, а мнозинството од уапсените се албански државјани.
Според весникот, четворица биле уапсени на аеродромот, каде што требало да ја преземат дрогата, додека другите двајца биле уапсени во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што веројатно требало да се складира кокаинот.
Во истрагата на ААДЕ помогнале и полицајци од Дирекцијата за борба против организирани криминал.
МИА
Ново на Сител
-

Расправија прераснала во тепачка: Две скопјанки се пресметале во Аеродром
-

Го довел во заблуда и склучил договор за товарно возило од 11.000 евра, кривична за 31-годишник
-

Срамно ВИДЕО: Со комбе донесе вреќи и кутии со ѓубре и ги фрли директно во Радика
-

Мицкоски: За две години остварени околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции, разликата со претходната влада е огромна
-

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на УНОДЦ: Борбата против дрогата да се води со координиран пристап
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
