Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
Со вкусна скара, пенлив пијалок, гости од земјава и странство и во добро расположение со познати музички ѕвезди во Прилеп синоќа е отворен тридневниот традиционален летен фестивал „Пивофест“.
На петнаесетина штандови во центарот на Прилеп и со производи на познатиот пенлив пијалак на шест пиварници од земјава и регионот, бројните посетители ја одржуваат летната забава.
Прилепскиот скараџија Златко Петрески уверува дека има многу гости, викендот се очекуваат повеќе и се нуди вкусна скара.
- Имаме многу гости одсекаде. Од земјава и странство. Вкусуваат, бараат прилепска скара, се враќаат по вторпат, вели насмеано и расположено Петрески од еден од штандовите на „Пивофест“.
Прилепчани сакаат традиција од повеќе од две децении да продолжи зашто градот е препознатлив по фестивалот.
Христијан Тунески, дел од организацијата смета дека забавата ја обезбедуваат сите, и домажините и гостите, познати музички имиња.
- Имаме добра музичка забава. Радост е да се знае дека понудивме фестивал добро организиран кој го враќа сјајот на манифестацијата на која прилепчани се горди. Има петнаесетина штандови, производи од шест пиварници од земјава и Регионот. За забавата се грижат домашните и музичките имиња од соседството. Летово фестивалот е вистинскса радост, вели Тунески.
Прилепската локална самоуправа финансиски го поддржа „Пивофест“ со еден милион денари. А логистички работат сите јавни комунални претпријатија да обезбедаст чистота, паркинг простор и безбедност. Фестивалот носи и економски бенефит.
- Фестивалот не само што обезбедува радост, уживање во добра храна и пенлив пијалак, туку и работа за локалните стопанственици. Работното време е продолжено, рестораните и градот се преполни со гости, рече на официјалното отворање на „Пивофест“ прилепскиот градоначаслник Борче Јовчески.
Организаторите најавија богати содржини сите три фесативалски дена: различни пива од домашни и странски брендови, музика во живо и DJ сетови, фестивалско мени и пивски коктели, натпревари, квизови и дегустации, семејна зона со детска програма и маскоти.
Управата за јавни приходи пред почетокот на Фестивалот одржа средба со стропанствениците и угостителите потсетувајќи да се почитуваат законите и да се издаваат фискални сметки.
„Пивофест“ се одржува до недела.
МИА
Ново на Сител
-
Илјадници луѓе демонстрираа во Израел за ослободување на заложниците
-
Бројот на жртви во поплавите во Јужна Кореја се искачи на 14, 12 се водат како исчезнати
-
Сончево и топло, со температура до 39 степени
-
Состојба на патиштата
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин