Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Со поклон и положување цвеќе пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер од 18 часот почнуваат чествувањата по повод 25-годишнината од „Карпалак“ каде во заседа на армискиоот конвој на патот Скопје-Тетово беа убиени 10-те прилепски бранители.
Чествувањата во спомен на: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски почнуваат во кругот на прилепската касарна од каде на 8 август 2001 година тргна воениот конвој кон Тетово кога кај месноста Карпалак беше пресретнат и во заседа беа убиени десетте воени резервисти.
Делегации вечер ќе ја посетат и спомен собата во кругот на Касарната, а цвеќиња вечер од 19 часот ќе бидат положени и пред споменикот на бранителите во селото Лениште кај Прилеп. Во манастирот „Света Петка“ во селото ќе се служи вечерна богослужба.
Утре, изутрина, на денот на Сеќавањето, претставници на роднините на загинатите, од Општината ќе заминат на месноста Карпалак на патот Скопје-тетово кае ќе им биде оддадена почит на прилепските бранители. Ќе бидат посетени и нивните вечни почивалишта во Прилеп и во населените места.
Централното чествување на 25-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај Карпалак ќе биде пред Споменичниот комплекс во центарот на Прилеп утре во 13 часот.
MИА
Ново на Сител
-

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за стабилизирање на добрососедските односи
-

Во Франција запленети 68 килограми кокаин по оперативни информации од македонската полиција
-

МЗ: Континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија, се проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Косово
-

Велешанец се степал со 79-годишен дедо во угостителски објект во скопски Карпош
-

Скопјанка пријавена за закани кон поранешната шефица, оштетила врата од фирма и истурила запалива течност
-

Истите двајца за пет дена три пати нападнале малолетници во Штип, еден од нападите го снимале со телефон
-

Потрошувачката кошница над 58.000 денари, синдикатите против скратување на празниците
