Во Пустец почнува јубилејното 20- то издание на фестивалот „Македонско културно лето"
Под традиционалното мото „Убавините почнуваат на М" денеска по 20-ти пат во Пустец, Република Албанија почнува Фестивалот „Македонско културно лето".
Свеченото отворање на оваа значајна манифестација не само за Македонците коишто живеат во Албанија, туку и за сите Македонци каде и да се, ќе биде во 19 часот во центарот на Пустец, на плоштадот „Гоце Делчев" со концертот на Драган Даутовски "Мала Преспа, голема песна". За најмладите, актерите од НУ Театар Битола ќе ја прикажат претставата „Снежана и седумте џуџиња".
Во следните денови ќе има и други театарски претстави кои ќе бидат изведени на плоштадот а ќе бидат отворени и две изложби во музејот „Стерјо Спасе" во Глобочани. Ќе биде затворен на 5 јули со концертот на ансамблот „Преспа" што ќе се одржи на островот Мал Град.
Фестивалот е поддржан од македонското Министерство за култура и туризам, општините Пустец, Велес, Битола и Охрид и Град Скопје.
Основач и организатор е Едмонд Сотир и Здружението на Македонците по потекло од Албанија „СОНЦЕ"- Скопје.
Дизајнер на логото, на плакатот и рекламениот материјал е Адријан Зарески.
Ново на Сител
-
Во Колумбија пронајдена масовна гробница со осум општествени и религиозни лидери
-
Приведен возач во Македонска Каменица, возел со 2.41 промили алкохол во крвта
-
Последна контрола за пред заминувањето за Ерменија
-
Милвоки го отпушти Лилард
-
Еванс противник на Ѓоковиќ во 2. коло на Вимблдон
-
Елиминирана шампионката на Ролан Гарос
-
Барди го заврши претстојот во Бодрум
-
Пожарот кај Грчиште се уште не е ставен под контрола, вчера полесно повредени двајца вработени во „Македонски шуми“