Во Сенџен почна историската средба Шји – Трамп – Путин

На маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) почна трилатералната средба помеѓу претседателите на Кина, САД и Русија, Шји Џинпин, Доналд Трамп и Владимир Путин.
Шји истакна дека трите држави мора да соработуваат во решавање на глобалните проблеми.
– Мораме да учиме од историјата. Тешките времиња покажуваат кој навистина е подготвен да преземе одговорност, наведе Шји.
Путин во воведното обраќање ја потенцираше „заедничката одговорност“ на трите земји во одржување на и зајакнување на меѓународното право.
Според него, трите држави имаат „голем број заеднички интереси во решавање на регионалните судири, вклучително, секако и судирот во Украина.
– Русија, САД и Кина можат значително да придонесат за зајакнување на мирот и стабилноста, истакна Путин..
Додека Трамп потенцираше дека со Шји и Путин „навистина испишуваат историја“.
– Ние тројцата имаме за многу работи да дебатираме, а веќе за многу тоа разговаравме како претседатели на трите најголеми земји во светот. Имаме посебна одговорност во одржувањето на дијалог, полн со почитување и насочен кон резултатите, за прашања кои не влијаат само на нашите граѓани туку и врз целата планета, наведе Трамп.
Тој упати и критики кон поранешните светски лидери дека избегнувале разговори со држави кои не се согласувале.
Ние мислиме спротивно. Стариот пристап, што се темелеше на одбивање на разговори за проблемите, никогаш не е решен ниту еден проблем, истакна Трамп.
Тој исто така ја истакна важноста на нуклеарното разоружување.
– Трите најголеми нуклеарни сили во светот, САД, Русија и Кина, се во единствена позиција да разговараат за тоа како да се намали бројот на нуклеарно оружје на земјата, изјави Трамп.
Тој нагласи дека соработката во однос на нуклеарното разоружување е важна, но призна дека е „многу тешко да се откажеме“ од нуклеарното оружје.
Трамп потврди дека ќе се разговара и за војната во Украина, додавајќи оти денеска имал „долг разговор“ со Путин на таа тема.
По обраќањето на Трамп, новинарите и снимателите просторијата, а за тројцата претседатели разговорите ќе ги продолжат зад затворени врати.
МИА
Ново на Сител
-

Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир
-

Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите
-

Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија
-

МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%
-

Родителите со две ќерки се најсреќни, покажува научна студија на речиси 50.000 луѓе
