Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите

Со положување цвеќе, комеморативна програма и посета на еврејските гробишта во Штип, денеска се одбележа 83 години од депортацијата на Евреите во Штип. На настанот присуствуваа вицепремерот Љупчо Димовски, министерот за култура Зоран Љутков, пратениците во македонското Собрание, Никола Мицевски, Душко Иванов и Благој Бочварски, потоа градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, претставници на Еврејската заедница, државни институции, политички партии и здруженија, кои оддадоа почит пред споменикот на депортираните Евреи во центарот на градот. Маја Нано од Еврејската заедница рече дека Општината секоја година им оддава почит на 7.144 евреи кои беа депортирани, однесени во логорот на смртта Треблинка.
Љубомир Петровски од Еврејската заедница дополни дека се уште има живи сведоци.
-Се уште има живи сведоци не се многу на број, но се доволни за да ја споделат тежината, која што ја поминале за тоа време- вели Петровски.
Одбележувањето на 83 години од депортацијата на Евреите почна денеска од Штип, а наредните денови продолжува во Битола и Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Иранската армија ги предупреди САД да не влегуваат во Ормуската Теснина
-

Фон дер Лајен: Европа мора да стане понезависна во енергетиката, одбраната и снабдувањето
-

Руте: Европа ја разбра пораката на Трамп за воените бази
-

Македонската фолклорна група „Илинден“ од Торонто освои прва награда на меѓународен фестивал во Краков
-

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Тотенхем со нова победа се поблиску до опстанок во Премиер лигата
-

Детроит и Кливленд по мајсторките ја минаа првата рунда од плеј офот во НБА лигата
-

„Ролинг Стоунс“ го најавија новиот албум и неговиот наслов
