Во Штип се одбележува стогодишнината од раѓањето на големиот македонски поет Ацо Шопов

Со положување цвеќе пред спомен-бистата на македонскиот поет Ацо Шопов денеска се одбележаа 100 години од неговото раѓање. Преставници од Општина Штип, политички патрии, делегации, здруженија, пријатели и преставници од семејството дадоа почит на великанот, кој преку поезијата го прошири македонското име надвор од гранците на државата.
-Еве денес се одбележува стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов, нашиот голем човек, поет кој ги отвори со својата поезија ширум вратите на Македонија во светот. Положивме цвеќе, му оддадовме голема почит, се слеавме во тишината покрај неговата спомен-биста, оставајќи си на себе еден завет дека треба да го почитуваме неговото дело, да ги негуваме неговите оставнини кои ни ги даде, неговите песни, вели во пригодната реч за Ацо Шопов, Драгица Петрова, професор по македонски јазик во ООУ „Славејко Арсов“-Штип.
Во штипските културни институции цела година е во знакот на одбележување на стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов и се реализираат низа настани по овој повод. Вчера на одбележувањето на патронот на град Штип, постхумно великанот Шопов го доби и Орденот „Свети Никола“, а го прими неговата ќерка Јасмина Шопова. Шопов е македонски поет и револуционер кој остави многу, а идните генерации треба да чекорат по неговите стапки.
Ново на Сител
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
