Во силно невреме на грчкиот остров Крит еден загинат, една исчезната и над 30 спасени
Во големото невреме што ги зафати северниот и североисточниот дел на грчкиот остров Крит, едно лице го загуби животот, спасувачките екипи трагаат по исчезната жена, а над 30 лица биле спасени, според последните информации од портпаролот на противпожарната служба на Грција Јоанис Артопиос, јави дописничката на МИА од Атина.
Невремето ги погоди регионите Ираклио и Ласити, а во приморското место и туристичка дестинација Агиа Пелагиа од автомобил заглавен во надојдените води било извлечено безживотното тело на 50-годишен маж, а живи биле пронајдени две жени.
Според Артопиос, во делот на Агиа Пелагиа во тек е потрагата по исчезната жена, а не постојат пријави за други исчезнати.
За само еден час центарот за операции на противпожарната служба примила 453 повици за помош, додека пак спасувачки екипи на безбедно место префриле вкупно 30 лица, од кои девет биле во археолошкиот локалитет Ситиа, меѓу кои и две деца.
Портпаролот на противпожарната служба на Грција рече дека вечерва невремето се префрлило во источниот дел на Крит, а обилни врнежи има и на островите Карпатос и Касос.
Токму до жителите на овие два острови, како и до оние што се на Родос, Кастелоризо и Халки од бројот за итни случаи 112 попладнево беше испратена порака за можни опасни временски појави во следните 24 часа и со препорака да се избегнуваат непотребни движења.
Ново на Сител
-

Трамп ги најави темите за разговорите со Шји: Во Иран ќе победиме мирно или на друг начин
-

Американски медиуми пишуваат дека Иран се уште располага со голем дел од ракетниот арсенал
-

Заловен волк во населбата Козле, бил чуван како домашен миленик
-

Годишниот извештај на Народниот правобранител пред матичната собраниска комисија
-

Трамп: Сите политички затвореници во Венецуела ќе бидат ослободени
-

Две лица загинаа во руски напад со дрон во родниот град на Зеленски, Кривји Рог
-

Амандманска расправа за Предлог Законот за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на битолскиот Универзитет
-

Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи
