Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
Поскапени се угостителските услуги, но и прехранбените производи по завршувањето на владините мерки. Цените не ја одразуваат ралната економска состојба на граѓаните, посебно на работниците. Повеќето од нив не можат да си дозволат да се напијат кафе на плоштад зашто е енормно скапо, смета претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство занаетчиство и заштитните друштва на Македонија (СУТКОЗ), Стојанче Кашиковски.
Според него, апсолутно е нереално еспресо да чини 150 денари.
-За жал, да, зголемени се цените на прехранбените производи, кафето и другите усгосителски услуги. Сведоци сме дека во последниот период, по завршувањето на мерките што ги донесе Владата има покачување на цените. Доказ за тоа е и Државниот завод за статистика кој пред извесен период излезе со податоци за инфлацијата во периодот мај - април. Видовме дека покачувањето е околу 3,3 отсто. Тоа е повеќе од доказ за она шти ние самите, граѓаните и работниците, го гледаме во продавниците и по пазарите, дека навистина има зголемување на цените. Доказ е, исто така, и синдикалната потрошувачка кошничка која е покачена по завршувањето на мерките за замрзување на цените на производите. Сметам дека цените не ја одразуваат ралната економска состојба со која нашите граѓани, работниците би можеле да си дозволат да се напијат кафе на плоштад. Според мене е енормно скапо, изјави Кашиковски по потпишувањето на Меморандумот за соработка со партнерите од Италија, Бугарија и Малта.
Одговорајќи на новинарски прашања, Кашиковски рече и дека поради ниските плати во угостителството и туризмот, нашите работници од овие два сектора си заминуваат во соседните земји или во државите членки на ЕУ.
-За жал, нашите социјални партнери, работодавачите, постојано алармираат на недостатокот на кадар во секторите угостителство и туризам. Според нас, причината за тоа се ниските плати што ги земаат работниците во овие два сектора. Гледаме нивно секојдневно заминување во еврпските и околните земји каде имаат повисоки плати. Својата егзистенција овие работници ја наоаѓаат или во соседството или во земјите од ЕУ како Хрватска и Словенија, истакна претседателот на СУТКОЗ.
Синдикалниот претставник од Бугарија Јордан Јорданов и носител на проектот за чие завршување денеска беше потпишан Меморандумот за соработка, информира дека во на плоштадот во Софија еспресо е две евра. Како што рече, за две евра во ценаторт на главниот град може да се напиете добро кафе.
Ново на Сител
-
Смртниот биланс од поплавите во Тексас се искачи на 82 лица, меѓу кои и 28 деца
-
Студентите во блокада најавија нови протести утрово низ Белград
-
Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен, освежување од среда
-
Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари, охрабрувам да се пријават подготвените за овој процес
-
Зголемените американски царински стапки ќе се применуваат од 1 август
-
ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот
-
Ѓорѓиевски: Спремен сум по изборите да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот
-
Мицкоски: Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано