Loading Video...
Спорт плус
27. August 2022 - 17:47
Во Скопје започна ЕП за одбојкарки до 19 години, вечерва (20:30 ч,) Македонија – Финска
Од денеска до 4 септември во Скопје ќе се одржува ЕП за одбојкарки до 19 години. 12-те репрезентации учеснички на Европскиот шампионат се поделени во две групи .
Младите македонски одбојкарки своите натпревар ќе ги играат во СЦ „Борис Трајковски“.
Прв противнички вечерва од 20 часот и 30 минути ќе им бидат врсничките од Финска. Во истиот термин, редоследно во наредните денови репрезентацијата на Македонија ќе игра и против: Словенија, Грција, Италија и Полска.
Во групата во „Јане Сандански“ играат: Србија, Швајцарија, Турција, Холандија, Хрватска и Романија.
Двете првопласирани селекции од групите ќе обезбедат пласман во полуфиналето, додека трето и четврто пласираните ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место, а преостанатите две репрезентации ќе завршат натпреварите уште по групната фаза.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
