Во следните три дена прекин во снабдувањето со вода за сите корисници од водоводот Росоки-Дебар

Поради неопходен зафат, односно дислокација на дел од главниот цевковод од водоводот Росоки – Дебар, утре и следните два дена прекин во снабдувањето ќе има за сите корисници на вода за пиење од водоводот Росоки – Дебар.
-Станува збор за реконструкција на дел од патот во близина на село Долно Косоврасти и заштита на главната водоводна цевка, која во должина од 200 метри треба да се дислоцира. Поради оваа причина, на 16, 17 и 18 мај (сабота, недела, понеделник) ќе има прекин во снабдувањето со вода за пиење во Дебар, Центар Жупа и селата Долно Косоврасти и Рајчица, информираше Нерил Османи, директор на претпријатието, кое стопанисува со водоводот.
Се замолуваат граѓаните, институциите и индустриските капацитети да обезбедат доволни количини на вода за пиење и санитарни потреби.
Во исто време, ЈКП „Стандард“, според директорот, ќе биде во служба на граѓаните преку снабдување со вода со цистерни според потребите.
На дел од патниот правец Дебар-Маврово, делница Мелнички Мост - Долно Косоврасти се одвиваат активности за санација на дел од коловозот кој пропаѓа и каде беше создаден голем кратер.
МИА
Ново на Сител
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
