Македонија
12. јуни 2025 - 8:36

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Законодавно-правната комисија и Комисијата за европски прашања.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, во второ читање и Предлог на законот за изменување на Законот за приватните агенции за вработување, во второ читање.

На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, во второ читање, Предлог на законот за изменување на Законот за приватните агенции за вработување во второ читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа во прво читање, Предлог на законот за електронските комуникации во прво читање, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи во прво читање, Предлог на законот за архивски материјал и архивска дејност - во прво читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, во прво читање.

На Комисијата за европски прашања се Предлог на законот за електронските комуникации, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Предлог на законот за архивски материјал и архивска дејност и Предлог на законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт, сите во прво читање со европско знаменце.