Во Солун разбиена криминална радикално десничарска организација
Во акција на грчката полиција во Солун, разбиена е криминална организација, која дејствувала прикриена под радикално десничарски колектив и стои зад кражби и насилство, а уапсени се 28 лица, од кои 13 малолетни, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека дел од организацијата што постои најмалку од 2019 година, биле 30 лица, уапсените се на возраст од 16 до 28 години, меѓу нив е и водачот на групата, а при извршените претреси, пронајдени и конфискувани се националистички симболи и оружје (железни тупаници, ножеви, мечеви, палки итн.).
За начинот на кој функционирала организацијата, од полицијата објаснија дека за да избегнат да бидат откриени од органите, членовите користеле конкретна онлајн платформа како нивно главно средство за комуникација, одржувале финансиска автономија, преку придонеси од своите членови, кои се користеле за набавка на материјали и предмети (банери, летоци, спреј, кациги, палки, пиротехнички материјал итн.).
Членовите имаа низ профили на социјалните мрежи, каде што ја промовираа нивната радикално десничарска идеологија, како и нивните нелегални дејствија, постоеше хиерархија, при што полнолетните и постарите членови имаа одлучувачка улога и ги насочуваа другите членови, соопштија од грчката полиција.
Паралелно заедно со други слични т.н. националистичко-патриотски групи учествувале во бројни протести.
Организацијата, меѓу другото, стои зад два грабежи со употреба на физичко насилство и закана со нож; нанесување материјална штета на училишта и на канцеларии на политичка партија, зад напад врз навивачи за време на кошаркарски натпревар во областа итн.
Уапсените 28 лица денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител во Солун.
Ново на Сител
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата