Балкан
22. September 2026 - 8:28

Во Србија почнува исплатата на еднократна помош од 6.000 динари

Во Србија денеска полчнува исплатата на еднократна финансиска помош од 6.000 динари и ќе трае до 25 септември, а околу 1,7 милиони луѓе аплицирале за неа преку порталот на Управата за финансии.

Според податоците на српскиот министер за финансии во технички мандат, Синиша Мали, 1.696.000 граѓани аплицирале за исплата на еднократен паричен надомест, а речиси три милиони го провериле својот статус во Фондот на акционери.

Еднократната помош е дел од поширок пакет поддршка за граѓаните во вредност од 980,6 милиони евра, што вклучува претходно исплатени еднократни бенефиции, поевтини лекови, ваучери за пензионери.

 

МИА