-->
-->
Во Србија просечната плата во март била 920 евра
-->
Просечната нето плата (без даноци и придонеси) во Србија во март годинава изнесувала 108.013 динари (920 евра), додека просечната бруто плата била 148.652 динари (1.268 евра), објави денеска српскиот Завод за статистика.
Средната нето заработка изнесувала 81.793 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ.
Растот на бруто платите во периодот јануари-март 2025 година во споредба со истиот период лани изнесува 11,2 проценти номинално, односно 6,4 проценти реално.
Во споредба со истиот месец од претходната година, просечните бруто и нето плати за март се номинално повисоки за 11,5 проценти, а реално за 6,8 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ