Македонија
28. September 2026 - 13:32

Во стан во Кисела Вода пронајдена почината 46-годишна жена

На 27.09.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината Т.Д.(46) од Скопје.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.