Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело

Во Големиот градски парк во Струмица имало обид за киднапирање на тригодишно дете. Веста се прошири и се споделува по социјалните мрежи, а од полицијата денеска за МИА потврдија дека случајот е пријавен и дека работат на негово расчистување.
Имено, според објавите тригодишнотот дете се обиделе да го киднапираат две лица, кои наводно зборувале странски јазик, но откако еден од родителите успеал да ги спречи во намерата тие побегнале.
Според полицијата, З.Ч.К.(31) од Струмица вчера пријавила дека завчера околу 19:00 часот, додека била во парк во Струмица, заедно со нејзиниот малолетен син, во момент кога син и бил оддалечен од неа, односно додека стоел на дрвен мост, две лица му пришле на малолетникот, па едниот од нив го кренал во раце.
- Според пријавеното, откако пријавителката им викнала, лицето го пуштило малолетникот и му ја ставило капата на главата, која претходно му пaднала, по што заминале. СВР Струмица веднаш презеде мерки за откривање на лицата и расчистување на случајот. Извршен бил увид на местото и било разговарано со сведоци, при што е утврдено дека во моментот на локацијата имало голема раздвиженост на луѓе, а малолетникот стоел на мал дрвен мост каде постоела опасност да падне во вода, а лицето кое го кренало детето од мостот го пуштило на земја непосредно откако се симнале од мостот, стои во известувањето за МИА од СВР Струмица.
Оттаму додаваат дека полицијата продолжува со преземање мерки во насока на утврдување дали во конкретниот случај постојат елементи на кривично дело или лицето тоа го сторило со цел да го заштити детето од можна опасност.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Новитет „центарска картичка“, зголемена поддршка за пензионерите и семејствата, мерки за подобар стандард за 2026
-

Петрова: Упатени околу 10 000 покани до граѓани кои треба да го пријават доходот остварен во странство
-

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра
-

ФЗО и УЈП со контроли кај матични гинеколози, кај 26 од 49 немало никакви неправилности
-

Хренин: Западот се подготвува за воена акција, ова не е блеф
-

Предлог законот за ратификација на Договорот за изградба на железничкиот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија го помина комисискиот филтер
-

Белгија се откажува од проектот „и-полиција“ поради неисполнети очекувања
-

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи
