Македонија
8. September 2026 - 12:18

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков

Претставата ,,Уна,,  од Стеван Копривица, во продукција на ,,Звездара театар,, od  Белград  ќе го означи почетокот на 34 то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков,, кој започнува вечерва во Струмица и ќе трае до 13 ти сптември. Годинава, во конкуренција за единствената награда на фестивалот за високо актерско остварување, која го носи името на великанот на македонското глумиште Ристо Шишков, влегуваат околу 40 актери од земјата и странство.

Од фестивалот велат дека годинава ќе понудат богата програма која е на ниво на европските фестивали.

За најдоброто актерско остварување ќе одлучува тричлена жири комисија предводена од минатогодишната лауреатка Билјана Драгиќевиќ Пројковска. Традиционално, најдобриот актер ќе добие златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра. Новина од оваа година е што вечерва, на отворањето на фестивалот ќе биде промовирана и позлатена монета со ликот на Шишков  која во иднина ќе ја добиваат сите театри учесници на фестивалот.