Во Свети Николе два пожари, а дел од домаќинствата немаат вода за пиење поради голем дефект
Дел од домаќинствата во градот Свети Николе немаат вода за пиење, поради голем дефект на водоводната мрежа, а пожарникарите гаснат пожари на две локации, едниот кај село Ѓуганци, а вториот кај место викано Преодски Ливади, информираше градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.
Тој во објавата на социјалните мрежи вели дека во моментот се работи на отстранување на голем дефект на водоводната мрежа и дел од градот има прекин на вода.
-Вработени од ЈКП Комуналец работат на терен за да се реши проблемот за побрзо време, вели Владев.
Тој додава дека во моментов има пожар во село Ѓуѓанци, кој што е ставен под контрола,но има и пожар во место викано Преодски ливади.
-Во ова место се зафатени со пожар две викендици, а пожарот е ставен под контрола а викендиците се спасени. Екипите во полн состав од Пожарна Свети Николе се макотрпно на терен, како и вработени од ЈКП Комуналец, стои во Фејсубк објавата на Владев.
Побара разбирање од страна на граѓаните и какошто пишува „ве уверувам дека се преземаат сите неопходни чекори за решавање на ситуацијата“.
МИА
Ново на Сител
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
-
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген
-
Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол