Во Тирана одржан 100-тиот граѓански протест против изградба на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан, најавена граѓанска непослушност

Синоќа во Тирана се одржа 100-от граѓански протест против изградба на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан, кои се заштитени подрачје.
Учесниците првично се собраа на плоштадот Скендербег, каде што го изразија своето незадоволство, потоа, со национални знамиња и силни повици против владата, тие се упатија кон булеварот „Народни херои”, задржувајќи се, како и до сега, пред владата. пред кабинетот на премиерот.
Носеа транспаренти и извикуваа „Рама, поднеси оставка“, „Оди си“, „Цела Албанија те мрази“, „Рама во затвор, Бериша во затвор“, „Албанија не е за продажба, туку владата”, „Дојден ви е крајот”.
Барањата на демонстрантите вклучуваат оставка на премиерот Еди Рама и формирање привремена непартиска влада. Исто така, предупредија на континуирана граѓанска непослушност и ескалација на граѓанските акции. По завршувањето на говорите, демонстрантите се држеа за раце и симболично ја опкружија владата, додека друга група се приближи со факели и маршираше околу неа.
За денеска најавија собир пред Парламентот, каде треба да се одржи првата пленарна седница по годишните одмори.
Движењето, наречено „Фламинго револуција“, започна на 31 мај како протест против проектот за изградба на луксузно одморалиште во заштитеното подрачје, од страна на ќерката и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Судирите во областа Звернец и снимките и фотографиите објавени на социјалните медиуми, каде се гледа насилно однесување врз протестанти, од страна на приватно обезбедување, дадоа поттик за граѓанска мобилизација.
Со текот на неделите, протестот се трансформираше од еколошка кауза во движење со широки политички и социјални барања, беа додадени и повици против корупцијата, економските проблеми, заминувањето на младите луѓе и начинот на управување.
Освен во Тирана собири на солидарност организираат и Албанците во дијаспората.
И покрај протестите премиерот Рама не се откажува од проектот на Џаред Кушнер, кого по измените на Законот за заштитени подрачја на крајот на декември 2024 година, по помалку од два месеца владата го прогласи за стратешки партнер. Рама тврди дека проектот ќе биде според европските стандарди за заштитени подрачја.
МИА
Ново на Сител
-

Во Осло денеска државен погреб на норвешкиот крал Харалд Петти
-

Шји Џјинпинг и Путин му честитаа на Ким Џонг-ун по повод националниот празник на Северна Кореја
-

Денеска прскање против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
