Во Загреб ќе се одржи голем протест поради нелегално исфрлени околу 33.000 тони опасен отпад

Во Загреб денеска ќе се одржи голем протест против нелегално исфрлени десетици илјади тони отпад во близина на градот Госпиќ и регионот Лика-Сењ во западна Хрватска.
Протестот е против нелегално исфрлени околу 33.000 тони опасен отпад во близина на градот Госпиќ во регионот Лика. Случајот стана јавен минатиот месец кога хрватската антикорупциска агенција УСКОК објави наоди и експертско мислење дека отпадот содржи и опасни или екотоксични материјали. Анализите покажаа високи концентрации на штетни супстанции, вклучувајќи бакар, цинк, олово и антимон, што може да претставува ризик за почвата и водата за пиење во областа.
Се очекува протестот да започне во 11 часот. Демонстрантите бараат итно и целосно отстранување на отпадот во јасна временска рамка, како и целосна одговорност. Се очекува демонстранти да пристигнат во Загреб од целата земја.
Според хрватски медиуми, протестот би можел да биде еден од најголемите во историјата на земјата. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, вчера изјави дека градот издал официјална дозвола за протестот.
Претходно, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ објави дека нелегалната депонија ќе биде покриена до 12 или 13 октомври, додека законскиот рок за отстранување на отпадот е шест месеци.
На 21 август, хрватскиот парламент ја повика владата да достави извештај за напредокот во чистењето на нелегално фрлениот отпад во близина на Госпиќ во рок од 90 дена. зш/
фото Госпиќ е наш дом.
МИА
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
-

Се помалку се подготвува зимница
-

Сушата ја пролонгира есенската сеидба
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
