Во живо ја пренесувала сообраќајната несреќа: Погледнете ја убив својата сестра
Осумнаесет годишната тинејџерка од Калифорнија Обдулија Санчез минатиот месец предизвикала сообраќајна несреќа во која нејзината помлада сестра Жакелин починала.
Бизарната сообраќајна несреќа се случила поради користењето на мобилниот телефон и алкохолот на девојката. Имено девојката понесувајќи ја атмосферата од автомобилот се вклучила во живо на социјалните мрежи, додека на совозачкото место седела нејзината помлада сестра.
-Возењето беше вообичаено се додека не почувствував дека без контрола вртам на лево. Почнав да кочам со автомобилот, но беше предоцна и се превртевме, признава Обдулија.
Во автомобилот имало уште една патничка, пријателка на Жакелин.
-Немав намера да предизвикам несреќа. Сите се снимаат во текот на возењето, тоа е денеска популарно. Имам само 18 години, се уште сме млади, изјави Обдулија, очигледно се уште несвесна за тоа што го направила.
Таа тврди дека никогаш претходно не доживеала сообраќајна несреќа. Неверојатно е дека девојката продолжила да снима и после несреќата да пренесува се што се случува на интернет.
Дури го снимила и мртвото тело на својата сестра, а кога сфатила дека нејзината сестра починала таа изјавила: „Погледнете ја убив својата сестра. Знам дека ќе одам во затвор, но тоа не е важно. Те сакам, почивај во мир душо. Те сакам, разбуди се душо, разбуди се. Жал ми е. Не сакав да те убијам, продолжила таа, но потоа престанала да снима.
Откако полицијата и итната помош стигнале на местото на несреќата, Обдулија станала агресивна и сакала да се поздрави со својата почината сестра.
Измерени и се 0.8 промили алкохол во крвта и однесена е во полициска станица.
На Обдулија и се заканува казна затвор од 13 години.
Ново на Сител
-

Нафтата повторно поскапува: „брент“ скокна за 50 отсто по кризата во Ормуска Теснина
-

Приведени седум лица за обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје
-

Анализа: Платите на директорите на најголемите фирми во светот лани растеле 20 пати побрзо од платите на работниците
-

Претрес во скопско, пронајдена дрога, приведено едно лице | ФОТО
-

ЛЕ: Гол предност за Нотингем Форест и Брага
-

Сиљановска-Давкова: Да градиме општество во кое трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат
-

Американските власти објавија видеоснимка од нападот на гала-вечерата со Трамп во Вашингтон
-

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство
