Водата во Скопје е безбедна и со добар квалитет

Безбедна и со добар квалитет е водата на скопската територија, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Информацијата попладнево ја сподели јавното претпријатие на Фејсбук.
-Во текот на денов од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се земени 42 примерока од водоводната мрежа на град Скопје од кои четири примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец – појаснија од претпријатието.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговарале на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Од јавното претпријатие потсетија дека на сите примероци им се изработува физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење во акредитираните лаборатории при секторот Санитарна контрола.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
