Македонија
24. September 2025 - 12:15
Водостојот на Охридското езеро продолжува да опаѓа
Водостојот на Охридското езеро продолжува да опаѓа .Денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека нивото е на кота од 693.18 метри надморска височина, 16 сантиметри под просекот за септември кој изнесува 693.34 м.н.в.
Екологистите повторно апелираат дека големи површини од езерското дно остануваат суви загрижени за опстанокот на ендемичните растителни и животински видови.
Со самото повлекување може да дојде до свлечишта и деградација на самиот брег и објектите.
Повторно покачување на водостојот се очекува по најавите за врнежи од дожд од викендов но екологистите посочуваат дека повлекувањата се во континутитет години наназад и потребни се итни мерки за заштита на природниот басен.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->