-->
-->
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода
-->
Скопјани во еден ден потрошиле вода доволна за да се наполнат 140 олимписки базени или во просек секој граѓанин на главниот град за еден ден потрошил 664 литри.
Ваква пресметка направиле во Водовод и канализација уште еднаш апелирајќи водата да се користи рационално бидејќи градскиот водовод во летните месеци се соочува со недостаток.
Како последица на сето ова, се соочуваме со прекини на водоснабдувањето на високите зони во делови од градот, нагласуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Од Водовод велат дека потрошувачката е предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени. Скопје на дневно ниво во летните месеци троши по 350 илјади кубни метри вода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во среда се гласа извештајот за Македонија
-
Муцунски во Хаг
-
Муртезани во Париз
-
Расте електронското плаќање
-
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода
-
Интерпелацијата на Костадиновски од Уставен можно е да пропадне
-
Приведен 60-годишник во Скопје, возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
ЦУК: Еден крак од пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер е изгаснат