Loading Video...
Свет
14. March 2026 - 16:41

Војната во Иран продолжува

Ценралната команда на војската на САД објави дека во ноќните напади на иранскиот остров Харг уништиле повеќе од  90 воени објекти, вклучувајќи складишта за поморски мини и бункери за ракети, додека нафтената инфраструктура останала недопрена.

Островот Харг, низ кој минуваат околу 90 проценти од извозот на иранската сурова нафта, се смета за најчувствителна економска цел во Иран.

Претседателот Трамп истакна дека  нафтената инфраструктура на островоот може да биде мета доколку Иран продолжи да ја одржува блокадата на Ормутскиот теснец, една од најважните светски транспортни рути за нафта.

Иранската револуцонерна гарда го предупреди Трамп дека нафтената и енергетската инфраструктура во регионот што им припаѓа на фирмите што соработуваат со САД ќе бидат „претворени во куп пепел“ ако бидат нападнати енергетските објекти на Иран. Ормутскиот теснец останува затворен.

Иран ги продолжи нападите врз воени цели во Израел а ги нападна и американската амбасада во Багдад и воени бази на САД во Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Кувајт.

Во меѓувреме, САД најавија вооружена придружба на танкерите низ Ормускиот теснец, што дополнително ја зголемува опасноста од директен судир меѓу американската морнарица и иранските сили.

„Не можам да ви кажам тоа. Мислам, имам своја идеја, но каква корист би можеле да направите? Ќе трае колку што е потребно. Тие се десеткувани. Земјата е во лоша состојба, целата работа се урива“, изјави Трамп.

-Господине претседателе, кога морнарицата ќе почне да ги придружува танкерите низ Ормутскиот теснец?

-Тоа ќе се случи наскоро, многу наскоро, одговори Трамп.

-Колку долго мислите дека војната веројатно ќе трае?“

-Не можам да ви кажам тоа. Мислам, имам своја идеја, но каква корист би можеле да направите? Ќе трае колку што е потребно. Тие се десеткувани. Земјата е во лоша состојба, целата работа се урива, изјави Трамп.

Израелскиот министер за одбрана изјави дека војната против Иран  сега влегува во одлучувачка фаза.

-Глобалната и регионалната борба против Иран, предводена од американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, се засилува и влегува во одлучувачкиот период што ќе продолжи сè додека е потребно. Му честитам на претседателот Трамп за тешкиот удар што американската војска го нанесе синоќа на иранскиот нафтен остров - ова е соодветен одговор на минските полиња на Ормутскиот теснец и обидите за изнуда од страна на иранскиот терористички режим, изјави Ираел Кац, министер за одбрана на Израел.

Израел продолжува да напага и цели на Хезболах во Либан  а премиерот Нетањаху ња се зкаани дека ке спроведе и голема копнена операција за разоружување на Хезболах доколку либанската влада не го стори тоа. Од милитантната група велат дека се подготвени за долга борба.

Либанското Министерство за здравство објави дека изарелски ракети синока погодиле здравствен центар во јужен Либан при што загинале најмалку 12 медицински работници, меѓу кои лекари и медицински сестри.